Сите авиони низ САД денеска беа приземјени поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови на Федералната управа за авијација.
Администрацијата преку Твитер објави дека работи на рестартирање на системот „НОТАМ“, што се користи за предупредување на пилотите за потенцијални опасности при лет.
„Вршиме завршни проверки и го рестартираме системот“, се вели во соопштението.
Според „Скај њуз“, денеска биле пријавени најмалку 500 одложувања, во или надвор од САД.
Незадоволните патници објавија на социјалните мрежи дека со часови седат на пистите во полни авиони.