Само оние кои се вакцинирале со Модерна и Фајзер ќе влезат во официјалната статистика.

Сепак, лицата кои ја примиле Синовак ќе останат забележани во Националниот регистар на имунизирани за здравствените работници да избегнат да им дадат повеќе вакцини.

Повеќе од 2.2. милиони луѓе официјално ја примиле вакцината, а 3,6 милиони барем првата доза од Модерна и Фајзер. Станува збор за околу 17.000 луѓе кои се вакцинирале со Синовак.

Сингапур им одобри на приватните клиники да ги вакцинираат граѓаните со вакцината на Синовак на 18 јуни, но таа досега не е одобрена од државниот регулатор.