ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ОД ТЕРЕН:
❗️Почитувани сограѓани, скопјани,
во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани!
🫡 Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган.
Ангажиравме општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во негово затрупување.
Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР.
Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа!
Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје.
Некој си игра со нашето трпение и здравје!
Упатувам апел до сите надлежни институции: постапете итно и безмилосно!
Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров!
Ние остануваме на терен со луѓето, сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат.