Сите патишта во државата се проодни и покрај обилните снежни врнежи, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во објава на Фејсбук, Николоски посочи дека извршил увид на планинските превои Стража и Пресека, при што нагласи дека снегот редовно се чисти и дека сообраќајот се одвива без прекини. Тој упати благодарност до вработените во Македонија пат за нивната посветена работа во тешки временски услови.
Министерот апелираше до возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината според условите на патиштата.
