Во масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца, како и еден чувар, а ранети се шест ученици и еден наставник по историја.

Прв на метата на 13 годишниот Коста К. бил обезбедувачот Драган Влаховиќ, човек кој цела институција го обожувала.

Братучед на убиениот Драган за Телеграф.рс раскажа колку човечка големина бил тој. Според него, тој бил извонреден човек, вистински добар човек.

– Не сакам да претерувам нешто, но навистина е така – ја започнува својата исповед и наведува дека Драган е разведен и дека зад себе не оставил потомци.

– Немаше деца, разведен беше. Неговите родители се живи, поради се минуваат низ агонија… Има и две сестри, едната е докторка – рече тој и додаде дека сите се без зборови од шок и не можат да разберат што се случило.

Во семејството на чуварот владее неопислива тага.

-Не знаеме кога ќе биде погребот, сите се изгубени, вели братучедот на Драган.