Од Рашко-призренската епархија ја информираа јавноста дека состојбата во манастирот во Бањска во моментов е мирно, иако поради денешните случувања се уште се чувствува страв и во околината и во самата манастирска капија.
„Вооружените лица кои денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот, а во моментов е забележано присуство на косовската полиција пред влезната капија и во дворот на манастирот“, се вели во соопштението.
Се додава дека „во конакот на манастирот сè уште има игумен со неговите браќа, како и група поклоници од Нови Сад, меѓу кои има и две малолетни деца“.
Од управата на манастирот известуваат дека засега сите се добро, дека во параклисот на манастирот се одржуваат редовни богослужби, со надеж дека оваа драма ќе заврши што поскоро.
Тројца напаѓачи се убиени, а петмина се уапсени по ноќното пукање на влезот во селото Бањска на северот на Косово, кога, според полициската управа во Приштина, еден полицаец е убиен, а друг е ранет. Полицијата го блокираше влезот во селото од магистралниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ, како и сообраќајот на административните премини Јариње и Брњак.
– Според официјалните информации од терен при размената на оган, потврдено е убиството на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач. Од нападот полицаецот се здобил со претежно полесни повреди – се наведува во најновото полициско соопштение.
Се додава дека „при полициските акции, на станбената локација што ја користеле напаѓачите, пронајдена е логистичка опрема, сомнителни воени возила, воени униформи, како и оружје и муниција од различен калибар.
Понатаму, при рутинска контрола на возила, во атарот на село Рударе, полициските единици приведоа четворица осомничени кај кои нелегално поседуваат радио опрема, а се сомничат дека се поврзани со криминални групи.
Извор: Republika.mk.