Лионел Скалони постигна договор за продолжување на соработката со Фудбалската асоцијација на Аргентина и ќе остане на селекторската функција до 2030 година, пренесуваат спортските медиуми. Оваа одлука става крај на шпекулациите за неговата иднина по завршувањето на претходниот циклус.
Новиот договор официјално предвидува продолжување на соработката за две години, односно до 2028 година, со прецизирана опција за дополнителни две години, што ја покрива организацијата на Светското првенство во 2030 година. Со ваквиот развој на настаните, Скалони добива можност да ја предводи Аргентина на трет Мундијал по ред, по учествата во Катар во 2022 година и на Светското првенство во 2026 година.
„Полн сум со енергија“, изјави Скалони.
Актуелниот селектор претходно, по завршувањето на Светското првенство во 2026 година, јавно ја остави отворена можноста да се повлече од одговорната позиција. Сепак, новите преговори резултираа со целосна согласност за продолжување на проектот.
Педесет и осумгодишниот стратег застана на чело на Аргентина во 2018 година и оттогаш оствари историски успеси, освојувајќи ја Копа Америка во 2021 и 2024 година, трофејот во Фајналисима во 2022 година, како и титулата на Светското првенство во Катар. На Мундијалот во 2026 година Аргентина под негово водство стигна до самото финале.
