Скандал со македонскиот амбасадор во Италија. Весел Мемеди самоиницијативно се откажа од патните исправи на кои пишува „Република Македонија“. Со ова македонскиот амбасадор создаде сериозен пропуст и тој постапи надвор од строгата хиерархија на МНР. Тој сам се откажа од македонските патни исправи, а заради ваквата одлука опозицијата инсистира Мемеди да биде отповикан од својата функција.

Опозицијата бара оставка од Мемеди

Оваа информација ја објави Антонијо Милошоски. Тој бара оставка и одговорност од Весел Мемеди и бара брза интервенција од Владата.

Милошоски прашува како би се однесувале грчките дипломати штом нашите веќе самоиницијативно се откажале од нашите документи.

Загрозено правото на слободно движење на нашите државјани во Италија

Ваквиот потег на Мемеди направи на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија да им е загрозено нивното право на слободно движење. Воедно, загрозено им е и правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

Реакција од МНР

Од МНР уверуваат дека ваквиот потег на Мемеди веќе е повлечен и никако нема да влијае врз нашите граѓани кои живеат во Италија.

Повеќе може да погледнете ТУКА.