Против македонскиот амбасадор во Токио има две пријави за непристојно однесување и за сексуално вознемирување, соопшти вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
Во македонскиот парламент тој, обраќајќи се кон министерот за надворешни работи Бујар Османи, изјави дека пријавите се поднесени во Амбасадата и дека станува збор за сериозен инцидент.
-Повеќе од 10 месеци во Амбасадата се стигнати две сериозни претставки од две жени. Едната од вработена во амбасадата во Токиоа, а другата од јапонска државјанка која имал аповремени проекти со македонската амбасада во Токио. Двете поплаки се однесуваат на понижувачко, непристојно и непрофесионално однесување од страна на амбасадорот кон македонската државјанка, додека од јапонската државјанка, за жал, обвинувањата одат во насока за сексуално вознемирување, рече Милошоски.
Тој додаде дека подносителките очекуваат ова да се разгледа на соодветен начин и со голема сериозност.
-Нашиот апел би сакал да биде да се разгледа серизоно секоја од овие претставки, да не се одолговлекува, да се оценува внимателно и строго, но најдобро би било, ако може да се отповика амбасадорот, потенцира овој пратеник.
Според нашите неофицијални имформации, МНР во моментов има формирано и комисија, а амбасадорот е вратен во Македонија што значи дека ова обвинување на пратеникот е релевантно и точно.