Обвинителството за гонење на организиран криминал (познато по обвинителот на кој врз глава му седи братото на Али Ахмети) во август 2025 година, донело одлука да нема истрага по кривичната пријава за бонусите на СЈО, јавува Алфа ТВ.
Тоа е периодот веднаш по 29 јули 2025 година, кога пратениците со 71 глас „за“ ја изгласаа интерпелацијата на државниот јавен обвинител, што ја поднесе опозициската Левица.
По изгласаната интерпелација, премиерот Мицкоски на почетокот на август изјави дека правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот за преземање конкретни чекори за продолжување на постапката за разрешување на Коцевски.
Во истиот период, обвинителството за организиран криминал и корупција, каде се и 9 од 10 поранешни специјални обвинители – донело одлука да ја заштити неказнивоста, оневозможувајќи независна истрага и непристрасно докажување на случајот со бонусите на СЈО пред независен орган – во случајов пред Судот.
Со ова, сами себе се изземаат од правосудниот систем како недопирливи за истрага и тоа е државен удар – формирана група недостапна за законот и за одговорност.
Со тоа, обвинителството за организиран криминал и корупција де факто спроведува државен удар по принципот на СЈО како во времето на режимот на Зоран Заев и СДСМ во кој самоволието и неказнивоста за незаконското работење на специјалните обвинители останува ултимативна цел.
Одиме по ред.
Обвинителството за гонење на организиран криминал во август 2025 година, донело одлука да нема истрага за бонусите на СЈО.
Одлучиле уште во август, но не објавиле иако слуајот подолго време е во фокусот на јавноста бидејќи станува збор за потрошени 4,6 милиони евра народни пари. Одговорот на Обвинителството е идентичен како првиот пат кога ја запреа постапката, односно одлучиле дека нивните специјални колеги не направиле кривично дело со тоа што самите на себе си поделиле фантастични бонуси од 4,6 милиони евра.
„Постапувајќи по конкретниот предмет, имајќи ги предвид битијата на кривичните дела за кои беше поднесена кривичната пријава, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК изврши целосна анализа на наводите и доказниот материјал во предметот и ценејќи ги сите докази и факти, кон крајот на месец август минатата година донесе решение за отфрлање на кривичната пријава бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност“, соопштуваат од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Суспендираниот виш јавен обвинител Јове Цветановски кој заврши на дисциплинска ден по одлуката да се истражуваат хонорарите на Јанева и нејзините чарлиеви ангели, е изненаден од одлуката.
Според него, доколку надлежниот обвинител ги разгледал доказите и извршеното вештачење во предметот, одлуката ќе била поинаква.

Извор: Курир
