Огромен скандал на повидок во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” во Охрид, во јавноста позната како „Костозглобна”. Како што дознава Радио Лидер, се подготвува вистински упад во оваа институција од страна на Алијанса на Албанците.
Како што нѐ информира висок извор од Министерството за здравство, на оваа болница мерак и фрлил Арбен Таравари, па во неа се подготвува да биде назначен за директор, кадар од неговата партија, кој не е вработен таму.
-Ова е своевиден преседан, затоа што во оваа болница никогаш не бил поставен директор кој не е вработен во институцијата, а сега ќе биде донесен човек од надвор и тоа од Алијанса на Албанците. Ова е преседан, знаејќи дека најголем дел од докторите и персоналот не прифаќаат човек од вакво милје. – вели нашиот извор.
Како што дознаваме оваа информација веќе се проширила помеѓу вработените, кои подготвуваат бунт.
Во моментов ВД директор на болницата е докторот Ацо Велески кој е експерт со долгогодишно искуство, а на негово место ќе биде донесен партијаш и тоа од Алијанса на Албанците.
-Во оваа болница низ годините се разви пракса самите доктори да го предлагаат директорот од нивните редови, па која партија и да е на власт владееше меѓусебно почитување. Сега ќе дојде да ги раководи човек кој не знае ништо за клиниката. – вели нашиот извор.
Св. Еразмо е регионален центар во областа во која работи, таму се прават операции од најкомплициран карактер, рамни на оние на клиниката во Скопје. Во исто време, оваа болница е прилично профитабилна затоа што во неа доаѓаат пациенти и од странство, поточно од соседна Албанија, кои плаќаат на приватно за здравствените услуги. Во исто време, најголем дел од вработените се по потекло од Охрид и охридскиот регион, па назначувањето на директор од Алијансата на Албанците, дополнително ги иритира.