Претпладнево владата ги спречи новинарските екипи на Радио Лидер и на новинската агенција Курир да присуствуваат на настанот на премиерот Ковачевски во фабриката „Пекабеско”.

Иако двете редакции одамна се акредитирани од страна на Владата, а двајцата новинари Љупчо Златев и Предраг Кукиќ се членови на ЗНМ и уште неколку меѓународни новинарски организации, од обезбедувањето на капијата на фабриката „Пекабеско” ни беше побарана некаква акредитација за настанот.

Ние им ги покажавме нашите новинарски легитимации и ги информиравме лицата од обезбедувањето дека сме добиле покана од владата да присуствуваме на настанот, по што ни беше кажано да почекаме.

По неколку минути, од обезбедувањето ни рекоа дека не можеме да влеземе на настанот, прашавме каде да се акредитираме но обезбедувачот од агенцијата „Роте”, си замина без да ни дозволи да влеземе внатре.

На премиерот Ковачевски сакавме да му поставиме прашања поврзани со новата Тиранска платформа и можното разрешување на Оливер Спасовски, за кое неколку дена одбива да ни одговори.

Овој обид на владата во корелација со фабриката Пекабеско и агенцијата Роте да ги спречи новинарските слободи претставува невиден репресивем чин за едно демократско општество и ги претставува авторитарните тенденции на нашата влада на секаков начин да ги замолчи неистомислениците, кои повеќе години се на удар.

Радио Лидер е концесионер на Агенцијата за Медиуми и портал до долгогодишно работење и член на асоцијацијата на професионални медиуми.

Редакциите ќе испратат и барања се реакција од новинарските здруженија во земјава.