520 лица на платен список без работа

Во Албанија изби голем скандал по откривањето дека 520 вработени во Министерството за внатрешни работи примале плата без да се појавуваат на работа.

Некои од нив со години живееле во странство, а други се занимавале со приватни бизниси, што ја отвори јавната дебата за слабата контрола и одговорноста на раководството.

Суспендиран ИТ асистент го откри проблемот

Скандалот излезе на виделина откако вршителот на должноста генерален директор на полицијата, Сокол Бижга, го суспендирал ИТ асистентот Улијан Шпатараку, кој примал плата без да се појавува на работа.

Продолжував со магистерски студии,“ го оправдал отсуството Шпатараку, иако тоа студирање не го опфаќа редовното работно време.

Недоволна контрола на раководството

Медиумите наведуваат дека сите 520 фиктивно вработени се „видливи“ само преку банкоматите каде ги подигнуваат платите. Ниту еден министер или генерален директор во последните 13 години не иницирал нивно отстранување, а истрага против шефовите кои ја дозволувале оваа пракса не е спроведена.

Според албанските прописи, секој вработен мора редовно да се евидентира или однапред да го најави присуството надвор од институцијата, што јасно го кршат овие случаи.