Неофицијални извори за МКД.мк информираат дека синоќа полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од вооружена група. Настанот не е потврден, затоа што не бил пријавен.
Полицајците биле набркани во Гази Баба откако претходно се обидеке да запрат возило кое било управувано од лице што не поседувало документи. Лицето се здало во бегство, а откако патролата тргнала по него била пресретната од вооружена група по што морала да го напушти местото.
Случајот не бил пријавен кај надлежните, а ова не е единствен ваков настан кај ова населено место.
Сопреното лице инаку бил син на полицаец и упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот. Веднаш потоа се појавила вооружена група.