Членови на Судскиот совет се пожалиле дека некој недозволено влегувал во нивните канцеларии па сега службите ги истражуваат таквите наводи.. Претседателот Сашко Георгиев вели дека во тек се проверки кои треба да покажат дали таквите тврдења се точни. Според информации на Сител, во петокот се проверувале снимките од безбедносните камери, но Георгиев денескс не одговори дали во канцелариите на судски имало непоканет гостин.

Дали неканет гостин претурал во канцеларијата на член на судскиот совет? Ова е прашањето на кое одговор бараат посебна комисија и полициски инспектори откако на колегиум бил истакнат сомнежот за незаконско влегување во канцелариите.

„Еве, одлучивме таквите сомнежи да ги испитаме. Никаков проблем не гледам во целата ситуација, иако гледам дека веќе во медиумите се зборува за тоа, но ние се криеме од таа состојба. Штом имаме такви сомнежи, редно е тоа да се испита, да видиме, да знаеме каква е состојбата“, вели Сашко Георгиев, Претседател на Судски совет.

Според информации на Сител, во петокот се проверувале снимките од видео надзорот, но Георгиев не одговори дали тие регистрирале кој ги посетувал канцелариите додека во нив не се членовите на судски..

„Верувајте дека не знам. Едно што не знам, туку и не можам да знам, тоа си е работа на комисијата која ќе го испита сето ова“, вели Георгиев.

Сомнежот за претурање по канцеларии во судски следи по изборот на нов претседател и кривичната поднесена од  Дамева заради нејзиното разрешување.. Таа пак денеска се пожали дека во записниците недостасуваат делови од текот на седниците.

Советот не ги усвои записниците од изборот на нов претседател на судски.. Дел од членовите говореле на седницата а во документот било наведено дека не се присутни.