Државниот секретар за култура Валмир Азири тврди дека пратеникот Антонио Милошоски заслужил многу повеќе, по инцидентот во Собранието во кој Арбр Адеми фрлаше со тврди предмети кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

-Арбер, анти-албанец како Антонио Милошоски заслужува многу повеќе. Заврши времето на сеачите на магла. Новата генерација на Албанци ќе ги крши рацете и нозете на сите оние кои се обидат да понижуваат Албанци, вели Азири преку социјалната мрежа Фејсбук.