Дали сте помислиле да се самоубиете?
Зошто не?
Дали повозрасно лице ве допирало по интимните делови на телото?
Дали би кренале нож на мајка и татко?
Како се чувствувате: машко, женско или не знам?
Дали би живееле: маж со маж или жена со жена?
Дали имате маќеа или очув?

Ова се само дел од 70 прашања кои ги добиле кои вчера ги одговарале ученици на 11, 13 и 15 годишна возраст од Студијата ,,Однесувања поврзани со здравјето кај деца на училишна возраст“ која ја одбриле Министерството за образование и наука и Бирото за Развој на образование.

Загрижени родители од Неготино и Струга на ученици од 6-то одделение, се обратија до редакцијата на Лидер кои велат дека анонимната анкетата е контроверзна, опасна и преку прашања на децата им се наметнуваат контроверзни и недолични содржини, акти и чинови по кои децата можат да посегнат ! Велат овие прашања НЕМААТ ВРСКА СО ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА!


За спроведувањето на истражувањет, родителите биле информирани минатата недела и за учество на нивното дете на истата требале да потпишат согласност. Биле информирани дека станува збор за меѓународна студија а нивните деца ќе имале прашања поврзани со физичка активност, исхраната, употребата на тутун и алкохол итн, на чувството за себе, социјални релации, училишен живот и семејство. Не им бил даден прашалникот да за видат за какви прашања станува збор. Родителите велат дека оној која не ја пополнил согласноста индиректно дава согласност и детето му е анкетирано!

Во самата согласност пишува дека:


Студијата ги истражува однесувањата на младите поврзани со здравјето и нивниот животен стил, со цел подобро разбирање на условите за подобро здравје, кај децата од различни средини. Со истражувањето ќе бидат опфатени 6000 ученици од 158 училишта на 11,13 и 15 годишна возраст. Податоците од студијата ќе се искористат за подобрување на образовните програми и на здравствено-образовните политики за унапредување на животот на младите во Македонија. Оваа 2022 година во Студијата ќе земат учество вкупно 50 држави од Европа, Северна Македонија, Америка и Канада. Студијата ја поддржуваат Министерстот за образование и наука и Бирото за развој на образование.
Прашањата се во врска со однесувањата и навиките поврзани со здравјето, како што се физичка активност, исхраната, употребата на тутун и алкохол, на чувстовото за себе, социјални релации, учиишен живот и семејство. Прашањата се јасни и недвосмислени и според искуството лесно се одговараат.

Родителите биле фрапирани од тоа што им го кажале нивните деца. И тие немаат увид во прашалникот. Учениците анонимно го пополнувале онлајн, онаму каде немало можности во хард копи и веднаш одговрите биле запечатирани во плик.

Лидер го конактираше директорот на Бирото за развој на образование Зекирија Хасипи , чиј експертски тим го одобрил прашалникот, но тој во моментот не можеше да се сети за каква студија станува збор па побара од нас да го информираме.


Подоцна, бидејќи Хасипи беше зафатен и не можеше телефонски да коментира зошто БРО одобрило вакви прашања побара истите да бидат доставени по електронска пошта а службите ќе ги одговореле.
До моментот на објавување на прилогот, од БРО не доставија одговор на нашите прашања.