Признанието на Ива Михаилова претставува класична брука и автогол, односно бугарска пародија во која таа самата недоветно ја откри улогата на тамошните тајни служби и ДАНС. Ова го истакна безбедносниот аналитичар Воислав Зафировски за време на гостувањето во емисијата „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски.

Според неговите зборови, станува збор за недораснато дете кое избрзало и отворено открило детали, правејќи штета на случајот кој доби сериозна политичка поддршка од највисоките бугарски функционери.

„На лагата, вообичаено, кратки и се нозете. Во случајов, станува збор за ДАНС, службата која, како би рекле – е тајната полиција во Бугарија и секоја тајна полиција, всушност, одработува за власта. Сите координати и ориентацијата во просторот и во времето им ги дава власта и тие настојуваат да ги реализираат тие добиени задачи. Една од задачите која им е сигурно дадена од политичките структури во Бугарија е да најдат жртвени јагненца кои по секоја цена би можеле да сплетат некава прикаска во која Република Македонија би била обвинета за нехуман однос, за нечовечен третман на одередени лица, посебно заради тоа што тие, наводно, имаат бугарско потекло. Приказнава излезе пародија бидејќи самата Ива Михаилова се излаја и кажа дека службите и наметнале потреба најпрвин да разговара со друг новинар, каде што прикаската која ќе треба да ја каже ќе и ја дадат тие за да добие некава си форма целата таа пародија што се случуваше, сценариото да се заокружи, и со никој друг нема право да комуницира. И тоа и го кажуваат како услов, не само за да се лекува, туку и за да ги оствари сите оние ветувања и бенефити кои и биле ветувани и од политичарите и од целиот тој бугарски естаблишмент, услов беше да го направи тоа. Она се избрза, недоветно дете, недораснато, си кажа многу искрено она што има да се каже, тоа протече во јавноста во Бугарија и сега и самите бугарски медиуми се налепија на глупоста нејзина, вклучително и партиите кои бараат одговорност зошто ДАНС го направила тоа. Тоа е брука, тоа е брука. Тоа е нешто слично како Заев кој што им даваше шлагворт на Бугарите и им даваше ветер во грб да си ги бараат сите ониуе неостварливи желби и работи кои ги наметнуваа. Ова сега е автогол давање“, вели Зафировски.