И натаму во центарот на вниманието е се она што се случуваше на мега – дербито меѓу Вардар и Пелистер, посебно инцидентите меѓу фановите на двете екипи.

На Фејбук страницата „ И моето дете ќе навива за Пелистер“ беше објавено скандалозно видео за она што навистина се случувало во подтрибинскиот простор.

Ракометарите и тренерите на Пелистер прво ја кршат вратата од соблекувалната, а потоа скокаат во неа и земаат шипки во рацете како би се одбраниле од лица кои веројатно ги бркале.

Зачудува фактот каде е тука полицијата, обезбедувањето, јасно е дека организација сосема потфрли.

Инаку се почесто се говори дека инцидентот како да биле намерно испровоциран, останува да се види.