Попова Шапка официјално ја отвора ски-сезоната 2026

Од утре, 11 јануари, Попова Шапка официјално ја отвора зимската сезона 2026, соопштија од управата на тетовскиот скијачки центар. По обилните врнежи од снег во изминатите денови, снежната покривка е доволна за подготовка на сите скијачки патеки.

Работно време и сезонски билети

„Официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе работат од 08:45 до 15:00 часот. Сите кои сè уште не ги подигнале сезонските билети, ќе можат да ги земат директно на билетарата на Попова Шапка“, изјави техничкиот директор, Станислав Бојчески.

Достапни лифтови и жичници

Скијачите ќе можат да ги користат сите четири ски-лифтови – Поток 1 и Поток 2, Аеродром и ГЕ, како и жичарниците Свети Илија, Церипашина и новата шестоседна жичница.