Синоќа во 19.10 часот на место „Марков Манастир“, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.П.(64) од Скопје.
– На 26.06.2023 во 19.10 часот на место „Марков Манастир“, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.П.(64) од Скопје, поради тоа што околу 15.30 часот, по претходна расправија со С.С.(41) од Скопје и М.Н., им се заканил со огнено оружје. Од пријавениот биле одземени воздушна пушка и дијаболи, информираат од МВР.