На 27.12.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Е.(65) од Скопје.

-Oколу 16.00 часот на подрачје на Аеродром со остар предмет се заканил на Д.П.(32) и неговата мајка М.П.(52) од Скопје, по што и физички ја нападнал М.П., според пријавеното, по претходна расправија во врска со случена сообраќајна незгода со Д.П.(32), информира МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.