На 16.10.2023 во 09:25 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена пријавила дека на 15.10.2023 во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А.(44) од Скопје.
Според пријавата, тој потоа физички го нападнал и нивниот 18-годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.