21-годишник пријавил дека бил нападнат и ограбен, од неколку малолетници во Градскиот парк во Скопје.

Имено, тој пријавил во Полициската станица Центар, дека бил нападнат вчера (13.11.2022) околу 20.40 часот, од страна на неколку малолетни машки лица, со закани со остар предмет и му одзеле пари, информира Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.