Вчера околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама.
Како што информираат од МВР, претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција.
„Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.
