На 03.09.2025 околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило во Х.Ј.(36) од Скопје, кој излегувал од патничко возило „тојота“ кое претходно го паркирал, а возачот со возилото го напуштил местото на настанот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Х.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.