Дел од жителите на главниот град, среде зима и на ниски температури останаа без парно греење.
Од БЕГ велат дека системот работи во оптимизиран режим кој треба да ги одржува домовите на граѓаните со приклучоци за топловодна енергија до 20 степени во нивната внатрешност.
-Системот за централно греење е целосно во функција и се испорачува топлинска енергија до потрошувачите. Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени, информираат од БЕГ.
Од таму додаваат доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем, дека треба да пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
Парното греење во македонскиот главен град од 1 јануари чини 14 проценти повеќе. Според Регулаторната комисија за енергетика главна причина за овој потег е драматичниот раст на цената на гасот на светските пазари.