Утринските мерења покажуваат дека скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа а 18-ти во светот, покажува страницата Ајкјуер.
Скопје се наоѓа во друштво на Делхи, Калкута и Шангај со смртоносно висока загаденост.
ПМ-честичките се неколку дена над дозволеното. Министерката Шукова истакна дека јавните институции треба да се префрлат на еколошки систем на затоплување.
Надлежните постојано објаснуваат дека нема инстант мерки што ќе го расчистат воздухот.