„Waze“ станува најкористена алатка за возачите додека „Безбеден град“ ги испраќа првите опомени

Додека „Безбеден град“ сè уште функционира во тест-фаза и до 1 јануари испраќа само опомени, сè поголем број скопјани се свртуваат кон апликацијата „Waze“. Тие се обидуваат да ги избегнат санкциите што ќе следат по стартот на казнената процедура.

Корисниците велат дека токму „Waze“, достапна за уреди со „Android“ и „iOS“, им овозможува најбрз и најсигурен преглед. Тие можат да видат сите камери кои ги регистрираат сообраќајните прекршоци.

Во изминатиот период нагло порасна бројот на инсталирање на апликацијата. Возачите низ целата земја активно ја користат за да се приспособат на новите правила и да избегнат ненамерни прекршоци.

Мапирањето на распоредот на камерите веќе е целосно дигитализирано од страна на корисниците на „Waze“. Ова им овозможува да добијат предупредување неколку стотини метри пред да пристигнат до камера.