На 30.05.2022 околу 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“, С.М.(53) од Скопје паднала во автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(29) од Скопје, во кој се превезувала, информира МВР.

Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Полицијата извршила увид.