Педесет и деветгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако била удрена од електричен тротинет на велосипедска патека. Возачката по несреќата го напуштила местото на настанот.
Несреќата била пријавена вчера во 16:00 часот во СВР Скопје и се случила кај автобуска постојка на улицата „11 Октомври“.
„Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека кај автобуска постојка ул.„11 Октомври“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од женско лице, удрил во 59-годишната А.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
