Скопје денеска е втор најзагаден главен град во Европа. Според проценките на меѓународниот индекс, во воздухот имало 162 микрограми ПМ 2,5 честички. Категоризиран како нездрав воздух, во оваа фаза според експертите последиците се појавуваат кај граѓаните со респираторни проблеми и други хронични заболувања.

Во светски рамки, Македонија повторно е рангирана во првите 10 најзагадени земји по Индија, Непал, Кина и Турција. Граѓаните велат дека маските се носат не само поради страв од вирусот туку и поради задушување од воздухот.

– Државата ако сака, може да спречи зло. Загадувањето на животната средина значи загадување на нашето тело, животни, растенија, птици и други. Од фабрики кои немаат филтри и возила без стандард, реагираат граѓаните, пренесува АЛСАТ.