Скопје добива градски воз
Вицепремиерот Алексаднар Николоски во гостувањето на радио Лидер објасни каков ќе биде новиот градски воз којшто ќе се користи за сообраќај.
Веќе почнавме со изградба на градски воз. Многу едноставно решение е градскиот воз. Што е идејата? Ги следиме поголем дел на модерните европски градови. Ја реконструираме постојната железничка инфраструктура на едно друго ниво и ќе ја користиме за градски сообраќај, рече Александар Николоски во гостување на радио Лидер.
Три линии што го поврзуваат целиот град
Николоски објасни дека првата линија ќе биде готова за шест месеци, а појасни и каква ќе биде рутата.
Во Скопје веќе има систем развиен како детелина. Од една страна оди Зелениково, Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, Нова Железничка. Втората линија оди од Железничка кон Автокоманда, Маџари, Скопје Север, Бутел, Илинден, Петровец. Третата оди кон Ѓорче Петров. Идејата е веќе првата делница од Зелениково преку Кисела Вода и Аеродром која почна да се работи овие денови ќе ја донесеме во инфраструктурна состојба да се користи интензивно и често. Првата линија ќе биде готова за шест месеци. Значи, очекувам веќе следното лето од Зелениково до Нова Железничка да функционира градскиот воз, рече тој.
Современи локомотиви и нови вагони
Николоски објасни за какви возови стануава збор.
Веќе има една флота на железници кои ја репариравме која беше оставена во депото. Работиме со Европската банка за обнова и развој. Локомотивите се најбитни и најскапи во суштина, а потоа ќе следува и набавка на вагони кои ќе треба да се дополнителни на овие кои моментално ги имаме. Моментално имаме меѓуградски воз со Куманово, Битола, Гевгелија на дневна основа.
