Министрите за одбрана и високите претставници на земјите – членки на крајот на работните состаноци ќе потпишат заедничка изјава со која ќе го постават правецот на идниот развој и функционирање на оваа значајна регионална иницијатива.
Во иницијативата SEDM формирана во 1996 година членуваат 15 земји – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија Хрватска, Грузија, Грција, Италија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција, Украина и САД, а Молдавија е земја – набљудувач. Претседавањето со оваа иницијатива е на ротациона основа, а во моментов претседавач е Бугарија.
Основната цел на иницијативата е унапредувањето на стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа преку развој на воено-политичката соработка.
Една од најзначајните проекти на SEDM е Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG чија команда до 2026 година е сместена во Северна Македонија. Во оваа Бригада членуваат шест од земјите – членки на SEDM – Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција.
Во рамки на SEDM функционираат и неколку други проекти како SEESIM – проект за симулациски вежби, проектот за Жените-лидери во одбраната и безбедноста, проектот за интерконекција на воените болници, како и постојаниот портал на SEDM за брза и ефикасна размена на безбедносни информации помеѓу земјите – членки на оваа иницијатива. бак/