Скопје меѓу најтоплите градови во Европа
Скопје меѓу најтоплите градови во Европа – главниот град денеска достигна 41,7°C во скопското село Петровец, според мерењата на метеоролошкиот портал „Огимет“. Температурата е регистрирана помеѓу 14 и 15 часот.
Највисоката температура на европскиот континент ја имаше турскиот град Ајдин, каде се измерени 42,6°C. Веднаш зад него беше Фетие, исто така во Турција, со 41,7°C.
Покрај Ајдин и Фетие, топлотниот бран ги зафати и градовите Урфа (41,4°C), Анталија (41,3°C), Дикили (41,2°C), Измир (41,2°C) и Маниса (41,2°C).
На четвртото место, зад Скопје, се најдоа Мерида во Шпанија и Сер во Грција, и двата со 41,2°C.
Светските температурни екстреми: Кувајт и Антарктикот
Во светски рамки, највисоката температура денеска е измерена во Кувајт: 47,2°C. Најстудено беше во руската база Восток на Антарктикот, каде се измерени -75,5°C.
Според „Огимет“, најмногу дожд имаше во Индија. Најсилен ветер е регистриран на Гренланд, додека најжешка точка по просечна дневна температура беше Џалони, населено место во Оман, со 44°C.