Скопје се поврзува со шпанската престолнина
Македонија ја бележи новата ера во авиосообраќајот. Од денеска, Скопје е директно поврзано со Мадрид, што дополнително ја зајакнува позицијата на земјата како туристичка и економска дестинација.
„Ова е огромен успех за авиосообраќајот, бидејќи со воведувањето на новите линии се забележува и значителен раст на патници и туристи во Македонија“, истакна вицепремиерот Александар Николоски.
Според Николоски, во изминатата година се воведени вкупно 21 нова авиолинија, што значително го олеснува патувањето и го зголемува туристичкиот потенцијал на земјата. Дополнително, овие нови линии отвораат можности за економска соработка и подобрување на меѓународната поврзаност на Македонија.
