Од 6 до 10 ноеврми Скопје ќе биде домаќин на претстојниот Светски шампионат во латино танц.

Скопје ќе биде домаќин на над 2000 танчери од повеќе од 20 земји од светот. Танчерите ќе се натпреваруваат во повеќе категории, вклучувајќи соло изведби, рутини за парови и возбудливи групни прикази.

Организатори на ова првенство се танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“, кои во своето портфолио имаат организирано голем број на вакви светски настани.

Тие велат дека Скопје е подготвено да ги пречека највештите и најстрасните танчери во светот, зошто Светскиот шампионат во латино танц претставува многу повеќе од само натпреварување, ја отелотворува суштината на латино танцот, тој е страстен и ритмички израз на културата и традицијата.

Светското првенство во латино танци ќе послужи како платформа за изразување на талентите во Скопје. Тоа е можност за танцовите училишта и уметници во градот да ја покажат својата моќ на глобалната сцена, демонстрирајќи дека Скопје не е само извонреден домаќин туку и град со изобилство на таленти за танц кои чекаат да бидат откриени. Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои присуствуваат на Светското првенство во латино танц. Како што се приближува настанот, возбудата на градот е опиплива, а неговите жители се подготвени да ги пречекаат танчерите, ентузијастите и посетителите од целиот свет, велат организаторите.