Скопје повторно руши рекорди во загаденост. Утринава според објавата на веб страницата igair.com во главниот град на земјава се измерени 115,1 микрограми на кубен метар пм честички.

Скопје е трет град во светот според ранг листата на загадени градови. На прво место е Њу Делхи а на второ градот Лахоре во Пакистан

Во министерството за животна средина ни одговорија дека не веруваат во тие податоци а нивниот систем за мониторинг не бил целосно функционален. Тоа ни го потврди и директорот на инспекторатот за животна средина.

Во моментот МЖСПП работи на инсталирање на новата серверска, со тоа што во тек е мигрирање на системите и базите од стара на нова серверска опрема. Додека се врши миграцијата, можни се привремени прекини или недостапност до одредени сервиси во текот на следните неколку дена за што навремено ја известивме јавноста преку нашата веб страница и социјалните мрежи на МЖСПП.

Податоците се следат од страна на Министерството и доколку има услови за надминување на прагот на алармирање на РМ10 и стапувањето на сила на мерките, граѓаните ќе бидат навремено информирани.