Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжуваат со одржување на јавната хигиена
Во јануари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот.
Покрај тоа, беа отстранети 2765 кубни метри непрописно одложен отпад, вклучувајќи кабаст и градежен. Најголем дел од дивите депонии, 400 кубни метри, беа подигнати во општина Центар.
Еко-патролата изготви 56 едукативни записници за лица и стопански субјекти затекнати при неправилно одлагање на отпад, од кои најмногу, 32, во општина Чаир.
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена во сите скопски општини, вклучувајќи машинско и рачно метење на булеварите, плоштадите, мостовите и Старата скопска чаршија.
