Апсење во Чаир и претрес во Тетово
Завчера вечерта во Скопје на подрачјето на територијата на Чаир полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода две лица. Нивните иницијали се А.А.(29) и Ф.Е.(27) кои и двајцата се од Тетово. По извршен преглед и претрес во патничкото возило кое го управувал Ф.Е., била пронајдена и одземена марихуана.
Нивното поседување на дрога не завршило тука, па бил направен претрес во нивните домови во Тетово. Оттаму во домот на 29-годишниот А.А. била пронајдена дигитална вага со остатоци од марихуана.
Апсење во Кочани
МВР соопшти дека во претрес извршен по судска наредба вчера полицијата дејствуваше и во Кочани. Приведен е 26-годипниот А.Ј. од Кочани, откако во неговиот дом биле пронајдени и одземени неколку работи: марихуана, бела прашкаста материја и пари.
Двајца скопјани во Охрид со марихуана, извршен и претрес во камп приколка
На 06.07.2024 нешто по 2.30 часот во СВР Охрид се лишени од слобода двајца скопјани. Станува збор за лица со иницијали В.Н.(25) и А.Т.(22). Откако кај нив била пронајдена марихуана извршен е и претрес по добиена судска наредба. Претресот бил во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т, а таму пронајдено и одземено е: марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана.
Претреси на повеќе локации
Освен на овие локации претреси имало на повеќе локации, а евидентно е дека имало претреси и во градскиот парк во Скопје каде исто така имало лица кои се лишени од слобода. Случаите се расчитуваат и целосно документираат, а следуваат и соодветни подесоци на лицата кои се однесуваат во спортивност на законите и не го почитуваат Уставот на Република Македонија.