Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во следните денови во скопскиот регион времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период и оти во делови од котлината во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Повремно процесите ќе бидат во форма на невреме со локален интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.