Станува збор за црква која е лоцирана во шумскиот предел од Доброште, а инцидентот е пријавен и во полицијата.
-Денеска околу 12 часот и 30 минути, Б.С.(57) од тетовско Доброште во Полициското одделение Теарце пријавил дека засега непознати сторители ја оштетиле надворешно поставена икона на црквата „Свети Никола” во ова село. На иконата била истурена боја, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тетовските полицајци ошетувањето го фотодокументирале, по што сега ќе се работи на расчистување на случајот.