Намалена видливост има на Ѓавато и во Крушево

Намалена видливост во сообраќајот поради магла од 50 до 100 метри утрово има на планинскиот превој Ѓавато и во Крушево, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози, а неговиот интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат соопштува дека слаб снег провејува на планинските превои Плетвар, Ѓавато, Буково, Пресека и во Крушево кој во моментов не се задржува на коловозот.

Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.