До 17 часот излезноста за Град Скопје изнесува 28,52%, информираат од ДИК. Вкупен број на избирачи кои излегле на гласање е 134.586 лица.

Излезноста по општини во Град Скопје е следна: Аеродром 36%, Бутел 22,90%, Гази Баба 25,79%, Ѓорче Петров 29%, Карпош 40,73%, Кисела Вода 34,48%, Сарај 8,77%, Центар 39,44%, Чаир 12,08% и Шуто Оризари 26,10%.

За споредба со првиот круг од локалните избори, тогаш во 17 часот излезеноста била 39,62%.