За време на викендот, и тоа особено во недела, како и во понеделник низ Балканот (особено во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од централна и западна Србија, како и планинските предели на Црна Гора ќе ги зафати вистинско СНЕЖНО НЕВРЕМЕ.
Сето ова ќе биде поради вцлијанието на МОЌНИОТ ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН и поради продорот на студен воздух од север.
Локално ќе наврне и до 50 цм снег (и понекаде во градовите). Во Горски Котар (Хрватска) се очекува и до околу еден метар снег (100 цм).
Температурите значително ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено со силен ветер од североисточен правец (на Јадранот СИЛНА БУРА).
Во Македонија од викендот ќе има врнежи само од дожд и тоа поради пристуство на потопол воздух од југ. Снег е можен само на највисоките планини а ќе дува и засилен јужен и југозападен ветер. Температурите кај нас ќе бележат тенденција на мал пад, што значи дека и понатаму ќе биде НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО – вели метеопрогнозерот Попоски и напоменува:
– За време на викендот, особено во недела како и во понеделник нашите граѓани доколку планираат да патуваат во горе наведените Балкански држави, да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ кое би можело да биде проследено и со грмежи, како и ОЛУЕН ВЕТЕР, особено долж Јадранот (можни се локални ПОПЛАВУВАЊА)