Ни од далеку не може да бидеме спокојни дека сме обезбедени енергетски. Нема некој во земјава кој може да каже дека сме целосно енергетски обезбедени и дека може да се опуштиме. Знаеме дека зависиме од набавка на рускиот гас. Дефицитарни сме со набавка на јаглен, тоа што имаме од далеку не ги задоволува потребите, и да има од каде да се купи, прашање е по која цена е и кој ќе го донесе, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески за Отворено на ТВ24.
Славески истакна дека во ваква ситуација што побрзо е потребна, затоа што тие се при крај со своите ресурси и дека може да затворат.
– Замислете што може да се случи ако затвори компанија од која зависи некој град, треба да им се помогне што поскоро. Така што помошта треба да се очекува во најскоро време, одбројува часовникот, тие се при крај со своите ресурси, рече Славески.
Славески во однос на тоа што компаниите најмногу ги погоди цената на струјата посочи дека добро е што власта се премисли и почна ноќните вишоци да им ги нуди на нашите компании, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го бараше многу порано.
– Со недели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој е експерт за енергетика ја прозиваше власта и надлежните дека прават голема грешка што продаваат ноќни вишоци, а не ги нудат на нашите компании. Треба да се поздрави пресвртот кој настана во власта, што ги понудија на нашите компании, истакна тој.