Нашата инфлација од 1997 се досега била во рамките на таа од еврозоната. Но, првите знаци дека постојат нарушувања се веќе присутни. Последниот извештај на ММФ на анализата за Македонија може да се види дека последниве две години ја губиме конкурентноста на домашната економија. Проекциите за инфлацијата во последниве неколку години е повисока од таа од еврозоната, изјави Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ 24.
Тој додаде дека најкритично е што сите предвидувања се дека инфлацијата ќе продолжи да биде повисока од таа на еврозоната и тогаш се доведува во прашање монетарната политика.
Јавниот долг надмина 60%, вкупниот надворешен долг на Македонија е на највисоко ниво на 80%,. Тоа што постојано го кажуваме дека вклучено е црвеното светло во задолжувањето. А тоа е поврзани со популизмот на власта, како што гледаме сега, ако покачувате плати на само една категорија, да не се покачат другите категории. Последиците се такви што нема лесни решенија, далеку е отидена работата, истакна Славески.
Тој посочи дека да немавме катастрофално раководење со енергетската состојба во Македонија изминатите 2 години, да имаме најмало производство и да купуваме скапа електрична енергија, можеби немаше да дојде до вакви последици.
Славески истакна дека сега поради погрешните политики на владата платите ја губат трката со цените иако владата се фали дека ги зголемила за 5,6%, но инфлацијата е 6,7% што значи реално платите опаѓаат и имаме намалување на куповната моќ, рече Славески.