Несогласувањето со градоначалничката Арсовска започна со смена со двајца директори од нејзина страна кое не беше направено во договор со коалицијата што ја поддржа и овозможи мандат на чело на Скопје, објаснува Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје.

Се започна оттаму, дотогаш немавме слушнато за проблеми во јавните претпријатија се додека не видовме штрајк на ЈСП и дека не можат да исплатат плата.Немаше навестување, извештаите за јавните претпријатија не се стигнати за советниците да имаат некој сигнал дека има некои потешкотии во работењето. По ова Арсовска реши целосно да премине во напад на ВМРО-ДПМНЕ и на претсседателот и да се откаже од мнозинството во Советот кое и овозможуваше комоција да добива поддршка-вели Славески во интервју за „Република и „Пресинг ТВ“.

Тој детално објаснува што всушност се случува со ЈСП.

Јавните претпријатија насекаде во свето најчесто не работат на пазарни принципи и цената на билетот без разлика дали во Скопје, Минхен или Виена е под онаа што би била доколку би била пазарна.Што значи дека основачот треба да ја субвенционира.Во континуитет Град Скопје ги помага со субвенции јавните претпријатија.Во првата половина на годината имавме таква субвенција и сега кога настанат проблемот советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за кратко време издејствува да се пренаменат средства од буџетот околу два милиони евра за ЈСП. Сега новиот директор треба да покаже способност и сега тој да покаже резултатот и претпријатието да остварува позитивни финансиски резултати. И во идинина ако е потребно Град Скопје ќе го помага ЈСП.Ние апелираме ова несогласување што го имаме на релација градоначалник, ЈСП и Влада за наводниот долг од два милиони евра од владата кон претпријатието да се регулира. Како што слушнавме од претставниците на синдикатите на ЈСП 60 посто од патниците се возат бесплатно-објасни Славески.

Тој проговори и за мобингот на кој се жалат вработени во админстрацијата на Град Скопје од страна на Арсовска.

Повеќе вработени ми имаат пријдено за да се пожалат и повеќето од нив се во тешка психичка состојба и се жалат на малтретирање и мобинг и од Арсовска и од секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров. Најверојатно и самите ќе побараат ова да престане. Некои од луѓето кои се подложни на мобинг се во консултација со адвокати.Мислам дека некој намерно креира лоша работна атмосфера во град Скопје.

Славески ја објасни и  можноста Арсовска самата да си поднесе оставка.