-Мислам дека треба на градоначалничката треба да разбере дека мора да продолжи да функционира, граѓаните од неа очекуваат во наредниот период резултати кои што засега ги нема. А, не може ништо градоначалничката да направи без Совет на Градот Скопје. И покрај се нели, и јас како претседател на Советот и Совет на Град Скопје, не заради Арсовска туку заради граѓаните сме подготвени на кохабитација во овој случај би се рекло на соработка и да дискутираме, да подобруваме, да одобруваме предлози што доаѓаат и од Кабинет на градоначалник кој што засноваат проекти издржани во програмата и се разбира да работиме во интерес на граѓаните, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.
Тој посочи дека Советот на Град Скопје работи во интерес на граѓаните и поради тоа на седниците кои што се одржуваат се има 100-тици и 100-тици одобрени проекти и дискутирани точки.
-Јас ќе повторам и кај вас дека Советот на Град Скопје, ова беше вчера 17-та седница и нема ниту една незавршена седница. На седниците има 100-тици и 100-тици одлуки, дискутирани точки итн., и сите во најголем дел на предлог на градоначалникот се одобрени и завршни, рече претседателот на Советот на Град Скопје.
Во никој случај Советот на Град Скопје ја нема блокирано градоначалничката“, нагласи Славески.