-Стабилноста на економијата во државата веќе и сега е нарушена, вие самите чувствувате како мала компанија ударите, а што да кажеме за претпријатија и компании кои што произведуваат и имаат потреба од значително количество на користење на електрична енергија како што се „ФЕНИ“, „Еуроникел – Кавадарци“ и некои други компании, тука се и рудниците кои веќе се затвораат, истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје во гостување во утринска емисија на Радио Лидер.
Славески додаде дека инфлацијата е кога се има општо зголемување на цените, значи сите цени одат нагоре.
-Сакам да упатам една критика на Народна Банка на Република Македонија која што пред неколку дена нели имаше Совет на Народна Банка меѓудругото донесе и одлука за зголемување на каматната стапка за половина процентен поен, од 2.5% на 3%. И медиумите известија дека наводно инфлацијата од почетокот на годината досега изнесува 12%, а ние знаеме дека инфлацијата е над 16% во Република Македонија. Значи тие земаат просек од јануари заклучно со август месец, а инфлацијата се мери во однос на истиот период односно во однос со август месец минатата година. И инфлацијата во Македонија е веќе над 16-17%, појасни тој.
Славески истакна дека целата инфлација во Македонија не е увезена. Во Македонија инфлацијата започна да расте од поодамна заради владините политики.